„Бидејќи персоналот испадна позитивен, од утре амбулантата е под карантин 2 недели“, објави на својот Фејсбук профил докторот Арбен Аголи, педијатар од Дебар.
Педијатарот вчера за „Локално“ изјави дека тој бил поборник на поостри мерки од самиот почеток на епидемијата зашто сега со воведувањето на карантинот е убеден дека полека ќе се воспостави контрола на состојбата.
– Почна да работи и свеста на граѓаните дека оваа војна не може да ја добијат белите мантили ако сите не даваме личен допринос, макар и да е симболичен, истакна доктор Аголи.
Докторот додаде и дека „Дебар личи на град на авети“.
– Јас пред некој ден постирав порака на мојот профил на Фејсбук за да придонесам барем малку луѓето да не се плашат и мислам дека таа наиде на големо разбирање, рече тој.