Тешка сообраќајка на обиколницата „Пријателство“, три лица повредени

од Берта Китинска
239 прегледи

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на обиколницата „Пријателство“, во близина на клучката за Приштина.

Во несреќата учествувале „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.К.(38) од Скопје и „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(24) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „рено“, Љ.Ј.(24) од Скопје, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини