240
Пејачката Северина по настап во Швајцарија се појавила во Белград за да го види синот, кој сега е во изолација со неговиот татко Милан Поповиќ.
Таткото на детето не дозволил таа да го види, бидејќи сметал дека е сосема неодговорно да го предаде детето кај личност која била во земја каде коронавирусот зема силен замав.
Како што наведува српски Телеграф, морала да интервенира полицијата и да ја присили Северина да се самоизолира. Тие ја пронашле на Бежаниска коса и ја предале кај санитарен инспектор, по што веројатно ќе остане во Белград до завршувањето на изолацијата.