Актерката Еванџелин Лили одбива самоизолација: Подрага ми е слободата од животот

од Elena Daskalova
335 прегледи

Актерката Еванџелин Лили (40) има татко кој е болен од леукемија, но и понатаму одбива самоизолација и продолжува со активностите како ништо да не се случува.

Таа на Инстаграм објави фотографија со опис „Работа, како и секогаш. Ги оставив децата во спортски камп. Измија раце пред да влезат, си играат, се е како и обично“.

Нормално, ваквата објава наиде на голема осуда, а таа се обиде да се оправда со тоа што татко ѝ е болен од леукемија, но тоа само ја влоши целата слика. Актерката смета дека мерките се претерани за обична респираторна инфекција. Колку и да се обидувале да ѝ укажат дека не е во право таа и понатаму одбива да слуша.

Слични содржини