Детето од „Животот е убав“ денес има 27 години и се наоѓа во ризична зона на коронавирусот

од Elena Daskalova
285 прегледи

Младиот актер Џорџо Кантарини, кој стана познат по неговата улога во филмот „Животот е убав“ не е во Италија, каде ситуацијата со коронавирусот е алармантна.

Но, дури и во Њујорк, каде тој живее, има 5.200 заболени и веќе има смртни случаи. Кантарини сега мирува, а инаку се занимава со актерство во театар, а се надева дека еден ден ќе се врати и на филмското платно.

Во филмот „Животот е убав“ тој го глуми синот на Гвидо (Роберто Бенини), чие семејство завршува во концентрационен логор. Бенини во филмот успева да го убеди синот дека ништо не е страшно и дека сето тоа е игра.

Слични содржини