Игор Којиќ ја брани Северина: Детето е изолирано од мајката, не од вирусот

од Elena Daskalova
354 прегледи

Игор Којиќ застана во одбрана на својата сопруга Северина, која повторно е во фокусот на јавноста со борбата со поранешниот партнер за старателството над синот.

Кога таа не успеала да се види со синот, Милан известил дека тој патувал во Австрија и е во самоизолација, а Севе била во Швајцарија и не ги испочитувала препораките кои важат во време на пандемија. На тоа, Игор вели:

„Овој човек повторно измислува приказни и ги пласира преку медиумите, за да ја дискредитира мојата сопруга како родител и да ја прикаже како конфликтна и неодговорна. Јас и жена ми влеговме во Србија на 12 март, од Хрватска, а не до Швајцарија. Мерките за изолација се воведени од 16 март. Единствена вистина е дека овој човек не се држи до судските одлуки“, напишал Којиќ и додава:

„Каков човек треба да си за во ова време кога треба да сме заедно и да си бидеме поддршка, ја користиш ситуацијата за лично оцрнување на друга личност и тоа мајката на твоето дете. Тоа го прават само несреќни луѓе.“

Слични содржини