Рецепти за јадења од коприва: Полни со железо доволно за целото тело

од Elena Daskalova
2,6K прегледи

Копривата е многу здрава, а освен како чај и додаток во исхраната, таа може да биде и добра основа за здрав и комплетно нутритивен оброк.

Во продолжение ви откриваме три рецепти со коприва благодарение на кои ќе внесете доволно калциум, магнезиум, манган, витамин К и железо.

Кајгана со корпиви

Потребни ви се неколку млади коприви, еден кромид, масло, 5 јајца, млеко и кајмак.

Копривата најпрво сварете ја во врела вода околу 5 минути и оставете ја да се исцеди. Прво пропржете го кромидот, па во него додадете ја обарената коприва. После пет минуто додадете ги изматените јајца во кои сте ставиле сосема малку млеко и кајмак. Зачинете по желба.

Чорба со коприви

Потребни ви се една лажичка маст, еден кромид, 3 чешниња лук, 300 гр коприва, 200 гр спанаќ, 500 гр јунешко месо исечено на поситни коцки, сол, брашно и бибер.

Јунешкото месо извалкајте го во брашно па пропржете на маслото или маста. Тргнете ги настрана. Во истата мрснотија изинстајте ги лукот, кромидот, па додадете ги претходно обарените спанаќ и коприва. Откако целосно ќе омекнат ставете малку вода, колку да го покрие спанаќот и додадете го јунешкото. Посолете и оставете на тивко да се крчка околу еден час.

Проја со коприва

Потребни ви се три јајца, 100 гр павлака, една лажица кајмак, една лажица путер, 500 гр млада коприва, 100 гр иситнето сирење, половина чаша јогурт, 100 гр бело брашно, 400 гр пченкарно брашно, еден прашок за пециво и сол.

Копривата избланширајте ја во врела вода и оставете ја да се цеди. Исецкајте ја, па додадете ги јајцата, сирењето, павлаката, кајмакот, путерот, јогуртот и изматете. Измешајте брашното, солта, прашокот за пециво и пченкарното брашно. Соединете ги смесите и печете во намастена тепсија половина час на 220 степени.

Слични содржини