Клавијатуристот на Бон Џови позитивен на коронавирус

од Elena Daskalova
379 прегледи

Дејвид Брајан, еден од основачите на бендот Бон Џови и клавијатурист, преку Инстаграм соопшти дека е позитивен на коронавирус.

„Бев болен цела недела, но сега е подобро. Не се плашете, грип е, не чума“, им вели тој на обожавателите.

Тој ќе остане во изолација уште некое време, а ќе излезе откако ќе биде тестиран негативен на коронавирусот.

Брајан им порачува на сите во светот да си помогнат во вакви времиња, да бидат дисциплинирани и да не ја влошуваат ситуацијата со неодговорно однесување.

Тој е повеќекратен добитник на многу музички награди, меѓу кои и Тони награда за компизитор и текстописец. Брајан е уште еден во листата на познати личности кои се заразени од вирусот, меѓу кои и Том Хенкс, Рита Вилсон, Идрис Елба, Енди Коен, неколку НБА играчи и други.

Слични содржини