Актерката Софија Мајлс соопшти дека нејзиниот 67-годишен татко починал откако бил заразен со коронавирус.

Таа вчера објави фотографија со татко ѝ, а само неколку часа подоцна ја добила тажната вест дека тој починал.
„Почивај во мир Питер Мајлс. Мојот татко почина пред неколку часа. Коронавирусот е она што на крај му го одзеде животот“, соопшти актерката.
Само неколку часа претходно таа го посетила и објавила фотографија од него, дека е поврзан на респиратор, а таа е покрај него со заштитна опрема и порача: „Ова е суровата вистина за коронавирусот“.
Пред две години тој беше дијагностициран и со Паркинсонова болест, но и уште неколку хронични проблеми.
„Внимавајте, татко ми беше во болница со луѓе кои имаат коронавирус и тие умираат. Ве молам, сфатете го ова сериозно“, им порача Мајлс на своите обожаватели.