203
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е ставена во карантин, откако се сретнала со доктор, чиј тест покажал дека има коронавирус, пренесува АФП.
Портпаролот на Меркел изјави дека германската канцеларка (65) била известена дека лекарот со кого се сретнала бил позитивен на корона, откако во неделата одржала прес-конференција најавувајќи нова мерка за борба против ширењето на вирусот.
Нејзиниот портпарол Штефан Сеиберт изјави дека Меркел во петокот примила превентивна вакцина против пневмококна инфекција.
Сеиберт рече дека Меркел ќе оди на „редовни тестови“ во наредните денови и дека ќе продолжи да работи од дома засега.