Посебен протокол: Еве зошто кралицата не ѝ дозволуваше на Меган да го носи нејзиниот накит

340 прегледи

Меган Маркл се омажи за принцот Хари во 2018 година. Како сопруга на британскиот принц, таа можеше да користи низа привилегии. Тоа вклучува и венчавката вредна илјадници фунти, обновениот дворец Винздор.. Меѓутоа, Меган никогаш немаше пристап до колекцијата со накит на кралицата Елизабета, пишуваат странските медиуми. Веројатно никогаш и нема да има, со оглед на тоа дека таа и Хари отстапуваат од кралските должности на 31 март.

Кралскиот накит игра важна улога во протоколот. Особено е важно кралското правило дека само сопругите на принцовите смеат да носат тијара. Меган, често носеше накит со скриени пораки, вклучувајќи го и прстенот на кој го пишува раѓањето на нејзиниот син Арчи. На почетокот на врската со Хари, таа носеше ѓердан со буквата Х.

Меган носеше и неколку парчиња накит на покојната принцеза Дијана. Доколку дојде до пригоден момент, Меган повторно ќе може да носи накит од кралската колекција, но само со дозвола од кралицата. Елизабета, никогаш не и позајмила накит, освен на денот на венчавката, кога носеше тијара која и припаѓала на бабата на кралицата.

Маркл се надевала дека на својата венчавка ќе ја носи смарагната тијара, но кралицата не и дозволила, што тогаш предизвика напнатост во семејството.

Меѓутоа, Кејт Мидлтон има дозвола да го носи накитот на кралицата, што може да се очекува со оглед на тоа дека кралицата ги фаворизира сопругите на принцовите кои се први во редот за наследство. Во овој случај, тоа е принцот Вилијам, кој е веднаш зад својот татко, принцот Чарлс.

Слични содржини