406
На прашање за трудниците и нивните испитувања и брисеви кои тие мораат во овој период да ги направат, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека уште пред еден месец кога почнаа да се воведуваат мерките, трудниците беа ослободени од работа.
„Трудниците можат да добијат информации од матичниот гинеколог кој има препораки како треба да постапи. Надоместокот за отсуство на трудниците кои се на патолошка бременост нема да се намалува и сумата останува иста”, информираше Филипче.