Во САД предвидуваат: Пандемијата ќе трае уште 18 месеци

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Имајќи ги предвид невидените мерки на претпазливост што неодамна ги презедоа многу земји за да се намали ширењето на новиот коронавирус, кои вклучуваат прекинување на настава, ограничување на движење на граѓаните, затворање на границите, суспензија на патувањето и колективен карантин, меѓу другите мерки што го попречуваат нормалниот живот на милиони луѓе, се поставуваат голем број прашања, меѓу кои е можеби и најважното: кога ќе заврши пандемијата и животот ќе се врати во нормала?

Списанието „Атлантик“ објави статија на поранешната официјална службеничка на Министерството за внатрешна безбедност на САД, Џулиет Кајем, во која очекува дека ќе продолжи сегашната криза, која фрли сенка врз разни аспекти од животот на луѓето.

Во написот под наслов „Кризата може да трае 18 месеци. Подгответе се“, Кејем вели дека воведувањето „масовни карантини и затворањето на градовите се случило многу брзо“. Во некои случаи, сето тоа се случи за само неколку дена, како што е примерот во Калифорнија, каде беше издадена наредба во четвртокот за сите граѓани да останат дома сè до следното известување. Таа потенцира дека нема да биде лесно да се дојде до крајот на кризата и дека брзината на одлуката за карантин и затворање укажува дека тоа нема да се случи во скоро време.

„Пандемијата ќе трае уште 18 месеци“

Таа изјави дека има две важни прашања чии одговори луѓето ќе се обидат да ги добијат со тек на време: кога ќе заврши пандемијата и кога ќе можат да се вратат во нормалниотживот?

Таа објасни дека одговорот на последното прашање не само што подлежи на одлуки од професијата, туку и на морални и политички пресметки за кои никој не сака да расправа гласно.

Кога станува збор за крај на пандемијата, Кајем вели дека, според стандардите на јавното здравство, пандемијата на коронавирусот нема да заврши уште 18 месеци. Тој го засилува ставот дека единствено решение за тековната криза може да биде вакцина против смртоносниот вирус, но за тоа е потребно одредено време.

Таа истакна дека победата на пандемијата, која досега однесе илјадници животи и зарази стотици илјади, не зависи само од развојот на ефективна вакцина на SARS-CoV-2, и покрај сите свои тешкотии, туку бара и време за нејзино производство и дистрибуција. Ако тоа не се стори, луѓето сепак ќе бидат ранливи на нови бранови на епидемијата дури и ако се повлече сегашната, како што е прикажано со неодамнешните извештаи на американската влада и научниците од Империјал колеџот во Лондон.