Италија: 602 нови мртви, заразени над 50.000

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Поради големиот број случаи на заразени и починати, Италија е европски центар на пандемијата на коронавирус. Во последните 24 часа во Италија починале 602 луѓе. Ова е помалку од претходниот ден. Бројот на заразени исто така опаѓа.

Во последните 24 часа, бројот на заразени лица се зголеми на 3.780 лица во однос на порастот на бројот на заразени лица претходниот ден, кога зголемувањето беше 3.957 лица во однос на денот пред тоа. Инфицирани се вкупно 50.418 лица, 7.432 се излечиле, додека 6.077 починале.

Има вкупно 63.927 лица кои се заразени, починати и кои оздравиле, соопшти на прес-конференција од цивилната заштита. Севкупно, малку подобри податоци се достапни од оние што ги видовме на 21-22 март. Трендо веќе втор ден по ред покажува пад на бројот на починати и бројот на заразени. Инфицирани се 4.824 здравствени работници, двојно повеќе од Кина. Бројот на лекари кои починале од коронавирус се зголеми на 19.

За да се намали бројот, Италија прогласи карантин во целата земја и презема бројни мерки. Во саботата, италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека владата донела одлука да ги затвори сите производствени активности што не биле неопходни во обид да се забави пандемијата на коронавирус. Продавниците за храна, банките, поштата и аптеките останаа отворени, а Конте истакна дека ова е „најголемиот предизвик од Втората светска војна“.

Бројни земји испратија помош во Италија. Официјален Кремљ во саботата објави дека ќе испрати девет авиони полни со медицинска опрема и средства за дезинфекција, додека лекарите од Куба пристигнуваат да им помогнат на италијанските колеги во борбата против коронавирусот.