Италијанка на 95 години го победи коронавирусот

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Алма Клара Корсини, стара 95 години, од Модена е најстарата Италијанка која е излечена од коронавирусот. Алма заминала во болница на 5 март, веднаш штом почувствувала симптоми на вирусот.

Медицинскиот персонал соопшти дека телото на оваа пензионерка покажало голема отпорност, што и помогнало да се опорави. Таа на новинар на моденска „Газета“ од болничкиот кревет му споделила: „Да, се чувствувам добро! Тука има добри луѓе и тие се грижеа за мене и наскоро ќе ме испратат дома“.

Бабата Алма се опорави без антивирусна терапија која најчесто им се дава на заразените пациенти, а кои се силни лекови, пренесува британски „Сан“.