Арифи: Во Тетово само четврток е пазарен ден, а 353 лица во изолација се чувани од МВР

од Берта Китинска
248 прегледи

Во Тетово до сега нема регистриран пациент заболен од коронавирус.Секој вторник имаме редовни координации на општинскиот штаб. Останатите денови координацијата ја вршиме он-лајн, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Во Тетово до сега нема регистриран пациент заболен од коронавирус.

-Од минатата недела дадовме налог само четврток да е пазарен ден. Оваа ситуација е голем и сериозен предизвик за држави, градови и системи поорганизирани од нашите. до сега во Тетово немаме ниеден позитивен од редот на тестираните. Според тоа што сме информирани од болницата во Тетово, тие се спремни за справување со коронавирусот, рече Арифи и додаде дека комуналните дејности се комплетно со функција, но и дека денес очекуваат дс пристигнат уште 12 пумпи за дезинфекција.

Слични содржини