Заев: Историска одлука, С. Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba
241 прегледи

„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ“, напиша лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев на социјалните мрежи по денешната одлука на Земјите членки.

„Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот!“, додава Заев

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји претходно на својот Твитер профил соопшти дека земјите-членки на ЕУ денес постигнаа договор за започнување преговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија.

„Од се срце им честитам на двете држави. Ова исто така испраќа гласна и јасна порака до Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Еврокомесарот.

Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот исто така упати честитки.

– Добра вест во овие мрачни времиња: конечно зелено светло на денешната видео-конференција на Советот на министри за Европа за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со нашите пријатели од Северна Македонија и Албанија. Победа за ЕУ и Западен Балканс. Честитаме на Скопје и Тирана, заслужено е, напиша Рот.

Слични содржини