Реномиран сценарист почина од компликации од коронавирусот

од Elena Daskalova
226 прегледи

Американскиот сценарист Теренс Мекнели почина на 81-годишна возраст како последица на компликации од коронавирусот.

Мекнели во минатото се излечи од рак на белите дробови, но таа дијагноза го стави во ризичните групи на луѓе кои може да претрпат сериозни компликации, па дури и со смртен исход поради коронавирусот.

Неговиот портпарол за АФП потврди дека тој живеел со хронични пулмолошки нарушувања. Починал во болница во Флорида. Сочувство до семејството упатија бројни холивудски имиња кои соработувале со него.

Мекнели е втора популарна личност жртва на опасниот вирус. Помалку од еден ден пред него почина џез-легендата Ману Дибанго, исто така како последица на заразата со коронавирус.

Слични содржини