
Коронавирус
Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) соопшти дека новиот вид коронавирус на површината може да остане до 17 дена.
Во новиот извештај на ЦДЦ се вели дека трагите од вирусот во крстаречките бродови во Јапонија и Калифорнија биле пронајдени дури 17 дена откако патниците го напуштиле бродот, јавува Анадолија.
Во извештајот се потсетува дека претходно се верувало дека вирусот „преживувал“ три дена на површина, а новите откритија покажуваат дека тој може да преживее многу подолго.
Трагите од вирусот беа пронајдени во кабините на крузерите кои беа во Јокохама, Јапонија, дури 17 дена откако патниците го напуштија бродот по карантин.
Експертите пронајдоа траги и на „Diamond Princess“ крузерот во Јапонија и во кабините на заразените патници и оние кои не покажаа симптоми на „Grand Princess“ во Калифорнија .
Во светски рамки, 407.670 луѓе се заразени со вирусо, 18.250 луѓе починале и 104.673 се излечиле досега, се вели во најновите податоци на веб-страницата „Worldometer“.
Инфицирани во 196 земји и територии
Инфицирани има во 196 земји и територии во светот, се наведува на сајтот.
Најголем број, 81.171 пациенти, сè уште се присутни во Кина, каде 3,277 починаа, а 73.159 биле излечени.
Италија продолжува да биде во фокусот на епидемијата во Европа, со 743 смртни случаи и 5.249 заразени само во вторникот.
Во Италија, заразени се вкупно 69.176 лица, 6.820 починале, а 8.326 се опоравиле.
Втора европска земја во однос на заразата е Шпанија, со регистрирани 39.676 случаи, 2.800 починати и 3.794 излечени.
Според „Worldometer“, потврдени се 49.594 случаи и 622 смртни случаи во САД, додека во Германија се заразени 31.991 и 149 починати.