244
Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста, стои во соопштението.