Шајло Џоли Пит, наводно, побарала додека трае пандемијата на коронавирусот да биде со нејзиниот татко, Бред Пит, пренесува таблоидот Мирор.

Наводно, таа го замолила Пит да ја „спаси од вирусот“, а слична желба имале и поголемиот дел од нејзините браќа и сестри.
„Нивниот татко има посморувачко влијание над нив. Тој би бил среќен, но сепак крајната одлука е на Анџелина“, наведува Мирор во изјава пренесена од магазинот Стар.
Шајло го обожава својот татко, а сите кои ги познаваат велат дека тие двајца имаат посебен однос на татко и ќерка, па затоа и таа се чувствува побезбедно и помирно кога е со него.