Со конвој од десет автомобили: Словенечки граѓани од Македонија тргнаа назад кон Словенија

од Берта Китинска
280 прегледи

Со конвој од десет автомобили почна враќањето на словенечките граѓани кои беа затекнати во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Луѓето беа практично заглавени во Северна Македонија по затворањето на границите поради епидемијата на коронавирусот. За некои лице е организиран и автобуски превоз.

Во меѓувреме од словенечкото Министерство за надворешни работи информираат дека продолжуваат да организираат летови од европските земји до Словенија со цел сите нивни граѓани кои сакаат да можат да се вратат дома во Словенија.

Луѓето кои синоќа со специјален лет беа вратени од Мадрид, добија 14 дневен државен карантин. Сите беа од аеродромот Брник транспортирани во хотел во градот Велење. Сместувањето е донација за државата, бидејќи хотелот е во сопственост на кинеска компанија, истата која го купи и гигантот Горење во Велење.

Слични содржини