Пејачот Џорџе Давид откри дека е позитивен на коронавирусот пред два дена, а сега, како што рекол, за прв пат се наоѓа во болница.
Интересно е што пред да заболи тој давал изјави во кои тврдел дека вирусот е „кинеска измама“, на која не треба да ѝ се верува и не верувал во опасноста од епидемијата, која дури сега ја зафати Србија.
Кога медиумите го потсетија на таа негова измама, Давид повторно се огласи на својот Фејсбук профил и напишал:
„Вака јас се правев паметен! И се разбира – ме стигна! Па вие продолжете да се шегувате со вашите и туѓите животи! Јас сум жив пример! Ги молам јавните личности кои се заразени да се огласат!“
https://www.facebook.com/djordje.davidnikolic/posts/3152578418096169
На тоа, следуваа голем број коментари и пораки со поддршка, како и желби за брзо лекување.