Над 100 милиони фунти ќе се земе од платите на премиерлигашите за да им се помогне на клубовите од пониски дивизии

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Намалувањето на платите на играчите за 20% во Премиер лигата во текот на следните три месеци е една од мерките што се дискутираа вчера за време на виртуелната средба меѓу претставниците на Премиер лигата, пониските дивизии и Професионалното здружение. Сè уште не е донесена конечна одлука, но ова е една опција да бидат спасени клубовите од понизок ранг кои немаат ресурси да се справат со кризата, како што можат да направат елитните клубови и водечките такви од Чемпионшип дивизијата.

Ова може да собере над 100 милиони фунти, што ќе биде огромна помош за малите клубови. Во моментов, годишно се исплаќаат над 2 милијарди фунти за плати во Премиер Лигата.

Не беа објавени конкретни решенија по вчерашната средба за решавање на економското влијание на пандемијата КОВИД-19, но објавеното соопштение потенцира дека „тешките одлуки“ за справување со ситуацијата допрва треба да се преземат.

Слични содржини