Поранешeн француски министер е првиот европски политичар што умира од коронавирус

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Поранешниот француски министер Патрик Девеџан е првиот европски политичар што умира од коронавирус во својата 75-та година. Тој беше близок соработник на Никола Саркози, пишува ДВ.

За време на неговиот министерски мандат, тој имал задача да ја поврати Франција од Светската економска криза. Во средата, за прв пат излезе во јавноста со признание дека страда од новиот вирус.

Поранешниот министер на владата на Франција и поранешен претседател на париската административна област Хаут-де-Сена стана првиот политичар со титула министер што почина од КОВИД-19.

– Инфициран сум, можам да кажам дека лекарите и медицинските сестри многу се вложуваат во оваа ситуација. Им благодарам за помошта што ја пружаат на сите пациенти, напиша тој пред неколку дена на Твитер.