Сончево и топло до 19 степени, од среда заладување

од Берта Китинска
89 прегледи

Сончево време со максимална температура до 19 степени ќе преовладува денеска во земјава. Попладне се очекува зголемување на облачноста и според најавите на синоптичарите ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од од -1 до пет степени, а максималната ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер и со минимална температура од два степена и максимална до 17 степени.

Веќе од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег дури и на некои пониски места

Слични содржини