Од денеска: МВР ќе ги доставува личните карти и возачките дозволи на домашна адреса

од Берта Китинска
401 прегледи

Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се овозможи оваа услуга.

Тој во саботата на прес-конференција информираше дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст.

Слични содржини