Србија: Нови три смртни случаи од Ковид-19, на респиратори 62 лица

од Aleksandar Petrovski

Српските власти соопштија денеска за уште три смртни случаи од новиот коронавирус во државата. Според нив, во изминатите 24 часа потврдени се уште 44 случаи на заразени со што вкупниот број е 785.

Вкупниот број на починати од тој вирус во Србија е 16. Хоспитализирани се вкупно 540 луѓе заразени со Ковид-19 од кои 62 во критична состојба – на респиратори.

Слични содржини