380
Актерката Рита Вилсон на 29 март прослави 5 години откако се излечи од карцином, а се нарече себе и „преживеана во пандемија од ковид-19“.
Овој датум е значаен за неа, а сега доби уште поголемо значење, со тоа што конечно со Том Хенкс ја напуштија Австралија и се вратија дома во Лос Анџелес.
„Овој датум ми е среќен. На овој датум навршив пет години откако имав масектомија поради рак. Им заблагодарувам на лекарите и медицинскиот персонал, на пријателите и семејството, а и вам, онлајн пријатели на вашите молитви и оптимизмот“, се заблагодари Вилсон преку Инстаграм.