338
Шпанскиот тенор Пласидо Доминго објави дека во понеделникот излезе од болница во Акапулко, на југот од Мексико, во која беше примен по компликациите предизвикани од инфекција со ковид-19.
„Дома сум и добро се чувствувам. За несреќа, одма по првите симптоми бев под лекарски надзор поради моите години и други болести. Докторите веднаш се посомневаа на корона, што многу ми помогна“, напишал 79-годишниот пејач.
Пласидо вели дека го продолжува лекувањето дома во Акапулко.
Музичарот на 22 март објави дека е заразен со коронавирусот.
Доминго веќе неколку месеци е мета на обвинувања за сексуално злоставување, поради кои морал да даде отказ од местото директор на Операта во Лос Анџелес и да откаже неколку настапи.