Полицискиот час го прекршиле 89 лица, од нив 8 се малолетници

од Берта Китинска
252 прегледи

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, а од нив осум се малолетници. Притоа, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници.

Полициски час

Што се однесува до мерките за изолација, во текот на изминатото деноноќие (30/31.03) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале  изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници биле извршени контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом.

Слични содржини