Бајрактар: Нема одлука за колективен одмор

од Берта Китинска
394 прегледи

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар денеска изјави дека не е донесена одлука од понеделник сите вработени лица да користат колективен одмор, како еден од мерките за справување со коронавирусот и оти тие ќе се креираат согласно потребите.

– Во моментот нема таква одлука. Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите што ќе се појават овие денови, изјави Бајрактар одговарајќи на новинарско прашање.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) вчера испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.

Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во соопштението, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден на 12 април, Православниот Велигден на 19 април. – Оттука претпоставките се дека заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното, велат од КСС.

Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.

Слични содржини