Во кумановската болница 11 лекари позитивни на Ковид- 19

од Берта Китинска
163 прегледи

Од кумановската болница има 11 лица позитивни на Ковид 19, дознава Телма.

Коронавирус

Оваа информација ја потврдува и директорката на болницата Снежана Захариева. Тројца од заболените од корона вирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективно и еден специјализант од инфективното одделение.

Медицинарите од рендген се заболени во болницата каде веќе имаше позитивни случаи на пациенти. Од хирургија се работи за двајца кои биле во холандија и цело време биле во карантин, а и уште едната заболена најверојатно е од нејзиното семејство и веднаш кога се појавиле симтомите била испратена дома.

Останатите најверојатно се заразени на работното место. Според информациите од болницата еден пациент е итно пренесен во болницата 8 ми септември во скопје но најверојатно е пшочинат а дополнително ке се истражува дали се работи за заболен од корона вирус.  Инаку директорката на болницата очекува помош од други здравствени институции од земјата.

Слични содржини