Велика Британија: 708 жртви од коронавирус за еден ден!

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Бројот на смртни случаи како резултат на коронавирусот во Велика Британија се зголеми за 20 проценти од ден порано и сега изнесува 4.313, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според сајтот „Worldometers“, 708 луѓе починале во последните 24 часа во земјата.

Тестирани се вкупно 183.190 лица, од кои 41.903 се позитивни за вирусот, се вели во соопштението.

Активни се 37.455 случаи, 163 лица во критична состојба, додека 135 лица се опоравиле, се вели во веб-страницата.