Борис Џонсон примен во болница

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е примен во болница на тестови, потврдија од „Даунинг стрит“.

„Според препораката на лекарот, премиерот вечерва беше примен во болница на тестирање“, изјави портпаролот на „Даунинг стрит“ за медиумите.

„Ова е претпазливост, додека премиерот сè уште има симптоми на коронавирус, десет дена откако неговите тестови за коронавирус се покажаа позитивни“, додаде тој.