Германија: Бројот на новoзаразени од коронавирус опаѓа четврти ден по ред

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Бројот на пациенти со коронавирус во Германија се зголеми за 3.677 на 95.391 во изминатите 24 часа, што го одбележува четвртиот ден по ред како секојдневно опаѓа бројот на нови пациенти, според Институтот Роберт Кох.

Бројот на нови случаи е помал од 5.936 пријавени вчера.

Во Германија, бројот на жртвите се зголеми за 92 на 1.434.