Во Кочани почина едно лице од коронавирус

од Берта Китинска
201 прегледи

Едно лице од Кочани починало од коронавирус потврди за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот. Општината е вклучена во помагање да се организира погребот.

-Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје,  рече Илијев.

Слични содржини