
Заразените лица од коронавирусот ширум светот се 1.312.606, починале 72.636, а излечени се 275.087, според најновите податоци на веб-страницата на Worldometers.
Најголем број од заразените, 350.013, се пријавени во Соединетите Држави, каде починале 10.327.
Италија има најголем број жртви, 16.523, додека 132.547 лица се заразени во земјата.
Во Шпанија се заразени 135.032 луѓе, а 13.116 починале од коронавирусот.
Германија е на четвртото место по бројот на заразени со 101.178 потврдени случаи и 1.612 жртви.
По неа следи Франција со 92.839 пациенти, додека во земјата починале 8.078.
Во Кина, каде што вирусот за прв пат се појави на крајот на декември минатата година, беа пријавени 81.708 случаи на коронавирус, а 3,331 лица починаа.
Во првите десет земји, Иран има 60.500 пациенти и 3.739 жртви, Велика Британија со 51.608 заразени и 5.373 жртви, Турција со 27.069 заразени и 574 жртви, и Швајцарија со 21.652 и 762 жртви.