Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин се штити од инфекцијата со коронавирусот, избегнувајќи масовни собири,
Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот на Русија е во изолација, Песков рече дека вчера бил во Кремљ на советување и дека продолжува со состаноците со само мал број луѓе.
„Оние кои присуствуваат на овие состаноци поминуваат низ темелен лекарски преглед и се тестираат, пред време“, рече Песков.
На коментар на новинарите дека Путин сè уште се ракува со соговорниците, Песков потсети дека учесниците на состанокот биле „темелно проверени“ и дека „претседателот има право да одлучи сам за себе како ќе се поздравува“.
Покрај тоа, Путин се тестира за вирусот онолку колку што неговиот лекар смета дека треба, додаде Песков.