ВМРО-ДПМНЕ: Сите што биле во контакт со Мицкоски се подготвуваат за самоизолација

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, по информациите дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски е во самоизолација поради контактот со заразениот ТВ новинар, изјавидека сите кои биле во контакт со него се подготвуваат да се стават во самоизоолација

Оттаму уверуваат дека ги почитувале мерките што биле препорачани од надлежните органи во државата.

Од опозициската партија велат дека имаат и заштитни маски и средства за дезинфекција, а на влезот на сите им се мери температурата.