Антикорупциска поведе прекршочна постапка за Катица Јанева и Фатиме Фетаи

од Берта Китинска
404 прегледи

Врз основа на добиени сознанија, Државната Комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски кој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „ Кале“ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ.

Второ, врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба како што и претходно беше информирано ДКСК одлучи да презем конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за
начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош.

Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.

Трето, согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот
на интереси на ДКСК предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО. Во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.

Тргнувајќи од наведеното ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка за
следните лица:

Катица Јанева
Фатиме Фетаи
Елизабета Јосифоска
Лиле Стефанова
Бурим Рустеми
Гаврил Бубевски
Стевчо Донев
Трајче Пеливанов
Артан Ајро
Љубомир Лапе.

Четврто, ДКСК информира дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница.

Слични содржини