Двајца лекари од гостиварската болница заразени со коронавирус

од Берта Китинска
220 прегледи

По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекари од кои едниот интернист иамле позитивни тестови на на Ковид-19. Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

Коронавирус

Не може а да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Засега е неизвесно дали ќе се спроведуваат дополнителни мерки во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега. Одлуката за дополнителни испитувања на двајцата медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти.

Слични содржини