
Стара Скопска чаршија
Предвременото укинување на ограничената мерка за движење, воведена за спречување на ширењето на новиот коронавирус, може да предизвика „фатално враќање“ на пандемијата, предупреди во петокот генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребреjeсус.
„Знам дека некои држави веќе се подготвуваат да излезат од изолацијата. СЗО, како и сите, би сакале да бидат укинати ограничувањата. На Обединетите нации. Но, предвремените укинување на ограничувањата би можеле да поттикнат фатално враќање на пандемијата“, истакна Гебрејесус на виртуелната конференција во Женева, седиште на агенцијата на Обединетите нации.
Тој додаде дека враќањето на пандемијата може да биде исто смртоносно како и нејзиното ширење доколку не бидат преземени неопходните мерки.
СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепен и безбеден излез од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест услови.
Неопходно е да се контролира преносот на вирусот, да се обезбеди здравствена и медицинска поддршка и да се минимизира ризикот во изложено опкружување, како што се долгорочни здравствени установи.
Треба да се воведат превентивни мерки на работното место, во училиштата и на други посетени места, да се контролира ризикот од внесувањето на вирусот од странство и конечно да се довери одговорноста на жителите.
„Секој поединец носи одговорност во борбата против епидемијата“, истакна Гребрејесус.