Во Њујорк повеќе од 160,000 заразени – повеќе отколку во која било земја во светот

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Државата Њујорк сега има повеќе заразени од коронавирусот од која било друга држава во светот, покажуваат најновите податоци.

Со над 160.000 случаи, Њујорк е пред Шпанија (повеќе од 157,000) и Италија (повеќе од 147,000). Во САД се заразени скоро половина милион луѓе.

Кина, каде избувна вирусот, има нешто помалку од 82.000 заразени.

Иако Њујорк предводи по бројот на заразени, починатите се 7.000, многу помалку од Шпанија (скоро 16.000) и Италија (скоро 19.000), но двојно повеќе отколку во Кина (3.300).

Има дури и извештаи во медиумите за масовни гробници кои се ископани во близина на градот Њујорк.

Снимките вчера беа направени во Бронкс, островот Харт.