Европа се подготвува да ги затвори границите до есен

од Vladimir Zorba
923 прегледи

Границите на земјите членки на Шенген може да се затворат барем до есен, рече францускиот претседател Емануел Макрон на затворената видео конференција со лидерите на француските синдикати.

За Макрон се вели дека е песимистички настроен во врска со коронавирусот и смета дека Европа треба да се подготви за долг период на изолација.

Францускиот лидер објасни дека може да се преземат вакви мерки заради разликата во ширењето на епидемијата во различни европски и светски региони.

Исто така беше објавено дека Макрон ќе и се обрати на нацијата во понеделник, 13 април. Според секоја веројатност, ќе објави до кое време ќе се затворат границите, вклучително и оние меѓу земјите на ЕУ.

Шефовите на држави и влади на ЕУ донесоа одлука во средината на март да се забрани влез во Европа, поради влошената состојба со пандемијата. Забраната требаше да важи веќе еден месец.

Скоро 1,7 милиони луѓе се заразени ширум светот досега. Најголем број заразени се во САД, но во однос на вкупниот број заразени и смртни случаи, Европа сериозно ги надминува сите други региони во светот.