
Во моментот кога светот на спортот не постои, Тајван наскоро ќе ја стартува новата сезона во бејзбол, а наскоро ќе продолжат првенствата во кошарка и фудбал.
Натпреварите започнуваат денеска пред празни трибини, но сите екипи се согласија да стават картонски кукли на стадионите. Клубовите ќе одат на гостувања и секој натпревар ќе се пренесува во живо на ТВ.
И покрај многу малото растојание од Кина, коронавирусот не се рашири во Тајван, островската нација се заштити многу добро и навремено, откако има само околу 400 заболени од 24 милиони жители, со шест смртни случаи.
Училиштата, рестораните и баровите работат во Тајван, но поголеми собири на луѓе се забранети.