289
Вработена во Клиниката за онкологија е заразена со коронавирусот, потврди директорот на клиниката, Нино Васев за ТВ 24.
Таа работела како транспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од Клиниката за онкологија.
Васев тврди дека вработената десет дена не доаѓала на работа, бидејќи персоналот работи поделен во групи. Но, сите останати кои биле со неа во смена ќе останат во изолација.
Таа уверува дека Клиниката за онкологија е безбедна за сите пациенти и дека редовно се дезинфицира.