Коронавирусот нема да исчезне, мора да се заштитиме, тврди експерт на СЗО

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Луѓе кои носат маски веројатно ќе станат ново правило, според експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро.
Тој за Би-Би-Си изјави дека општествата мора да се прилагодат и „да научат да живеат со нова реалност“ затоа што вирусот корона најверојатно ќе биде присутен уште некое време.

– Овој вирус нема да исчезне. Не знаеме дали луѓето кои имаа вирус ќе бидат имуни после тоа и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината, истакна д-р Набаро.

Тој изјави дека луѓето ќе треба да се заштитат себеси, да носат маски, да држат физичко растојание и да ги заштитат ранливите.

„Мора да стане навика, тие симптоми, дури и благите, навистина сериозно да се сфатат сериозно“, истакнува експертот на СЗО.

Д-р Набаро исто така предупредува на опасноста од „влажните пазари“, како и за убивање и јадење диви животни, откако овој тип на пазари повторно се отворија во кинескиот град Вухан, каде започна пандемијата „КОВИД-19“.