Сандерс го поддржa Бајден во обид да го победи Трамп

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Берни Сандерс го поддржа поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден во трката за претседател на САД на изборите во ноември, пренесува АП.

– Ги повикувам сите Американци да го поддржат Бајден на изборите. Го повикувам секој демократ, секој Американец, многу републиканци да се приклучат на оваа кампања, рече Сандерс во заедничкото видео обраќање со Бајден.

Сандерс се откажа од трката за кандидат за претседател на демократите пред неколку дена, оставајќи го Бајден да се бори против избраниот републикански претседател Доналд Трамп.