Заедно со ширењето на коронавирусот, бројот на митови за оваа болест расте, а една од најпопуларните моментално е дека мрежата 5G е виновникот за пандемијата.
Го побиваме овој, а и други митови за короната!
Мрежата 5G не го шири вирусот
Колку и да им е забавно на луѓето да ја обвинуваат 5G мрежата за вирусот, тоа е само мит. Вирусите не можат да патуваат на радио бранови или на мобилни мрежи. Како што постојано нагласуваше Светската здравствена организација, вирусот се шири преку капки, како и со допирање на очите, устата или носот со рацете ако тие го „закачиле“ вирусот. Значи, мрежата 5G нема никаква врска.
Сонцето не го убива вирусот
Има многу контроверзии околу тоа дали сонцето и доброто време ќе ни помогнат да се избориме против епидемијата, бидејќи вирусот очигледно не е во можност да преживее на повисоки надворешни температури. Сепак, се покажа дека тоа не е случај, бидејќи бројни земји, каде времето е топло, пријавија случаи.
Исто така, влажната клима не го убива вирусот, а според досегашното искуство низ целиот свет, се шири во сите области, без оглед на климата.
Можно е да се опоравиме од коронавирусот
За среќа, повеќето луѓе кои се заразуваат со вирусот се опоравуваат успешно. Засега, сè уште нема лек за самиот вирус, но симптомите што ги предизвикува се лекуваат, а во некои земји на пациентите им се дава крвна плазма од излечените како помош за лекување.
Не можете сами да проверите дали имате вирус
Уште откако се појави коронавирусот, се зборуваше дека луѓето можат да го проверат своето здравје дома со тоа што ќе го задржат здивот десет секунди, па ако не кашлаат, тие се во добра здравствена состојба. Сепак, ова е само мит и единствениот начин да се утврди дали некој е заразен е преку тестирање, според порталот „стетоскоп“.
Алкохолот не штити од коронавирусот
Со 70 проценти алкохол, домашните површини можат успешно да се дезинфицираат, но тоа во никој случај не значи дека алкохолот од кој било вид може да заштити од вирусот лице, кое консумира алкохол. Покрај тоа, честото и прекумерно консумирање алкохол може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми!
Студеното време и снегот не го убиваат вирусот
Засега нема докази дека студеното време и снегот го убиваат вирусот. Без оглед на надворешната температура и времето, вирусот се шири успешно, а единствената работа што помага во борбата против оваа инфекција е самоизолација и редовна хигиена, особено редовно миење на рацете.
Капењето со топла вода не спречува инфекција
Многу луѓе мислат дека туширањето со топла вода може да спречи инфекција со коронавирусот, но тоа не е точно. Од друга страна, туширањето сопретерано топла вода може да создаде изгореници и не е добро за кожата. Како што рековме, единствената работа што штити од вирусот е мерки за превенција, како што се самоизолацијата и редовната хигиена.